Даниел бара жена – не сака врска за една вечер


Даниел Кајмакоски признава дека сака да си најде девојка за сериозна врска и дека не му се потреби авантури за една ноќ.

daniel 544“Имам триесет години и сум во години кога бирам со каква девојка би бил затоа што барам сериозна врска. Дали тој однос ќе се заврши со брак, тоа е помалку важно. Но она што го посакувам секако не се куси врски за една ноќ или авантури со девојки кои со мене сакаат да бидат заради мојата популарност или талент. Сакам да најдам некоја која ќе ме запознае, на која ќе и се допаѓам поради тоа каков човек сум. И, секако, дека размислувам и морам да внимавам на тоа со кого ќе бидам сега кога ми се случи победата и новото животно поглавје”, вели новата балканска музичка ѕвезда.

Тој уште и открил каков Х-фактор треба да има потенцијалната девојка.

“Задолжително мора да биде пониска од мене. Иако срцето не бира и може да се случи спротивно, а подобро е многу да не зборувам за тоа. Најважно ми е да биде добар човек, искрена и природна, останатото е помалку важно”, појасни Даниел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1