„Ми го парчоса лицето, ми ги уништи очите, во основа тоа е се што има да се каже“, за прв пат проговори бездомникот на кого канибал му изеде речиси половина од лицето. „Ништо лошо не му реков“, смирено додава 65 годишникот кој закрепнува во болница во Мајами.
Во првиот момент помислив дека е фино момче, но потоа полуде. Веројатно имал лош ден. Претпоставувам имал потреба да се испразни – па се испразни на мене, или така нешто. Не знам! – изјави Попо.
Станува збор за ужасен напад кој траел дури 18 минути, а сето тоа било регистрирано од сигурносната камера. Агонијата на бездомникот престанала благодарение на полицаец кој го застрелал разбеснетиот човекојадец.
Канибализмот обично се поврзува со примитивните племиња од Африка, не не бил непозната појава и во Европа, особено во мрачниот среден век, кога поради големите кризи, човечкото месо било застапено секаде.
Настан од поновата историја што ќе остане забележан е примерот со Рагби тимот од Уругвај што во 1972 та година доживеал авионска несреќа во планините меѓу Чиле и Аргентина.
Цели 11 денови траела потрагата по 45 те патници и членови на екипажот, но биле пронајдени само остатоците од авионот, а патниците биле прогласени за мртви.
Изненадувачки, 16 членови преживеале цели два месеца во планините, во зимски услови и без храна. Биле приморани да ги јадат своите соиграчи и сопатници.
Низ историјата се забележани бројни примери на канибализам, но ова што денес се случува во модерново општество едноставно ужаснува.