Ова се деловите од Украина во која живеат Руси, но никаде тие не надминуваат 50% од населението. Стабилно руско мнозинство има само Крим.
Во областа Доњецк Украинците се 59,6%, а Руси има 38,2%. Повеќето сепак како мајчин јазик го наведуваат рускиот. Во Луганската област повеќето е Украинци – 54%, но и таму мнозинството зборуваат руски.
Во Харковската област Украинците се 70%,Руси има 25% а украинскиот јазик од мнозинството е наведен како мајчин јазик. Во Дњепропетровската област Украинците се во уште поголем број, 80% а Русите изнесуваат 17%. Двојно повеќе го наведуваат украинскиот како мајчин јазик, он оние кои го навеле како таков рускиот.
Во Запорошката област Украинци има 71%,Руси 25%. Во Херсонската област Украинците се 82%, Русите 14%. Во Миколаевската област ситуацијата е идентична.
Ако Путин продолжи со анексијата на областите во Украина каде живеат Руси, тоа ќе го стори спротивно на волјата на мнозинството граѓани.