Еве зошто паѓа снег на Велигден, според старите


Македонија е под снег во Април и има големи шанси да го дочекаме Исусовото воскреснување под снежна прекривка. Што велат постарите, што значи тоа?

sneg pagjaЕдна од жителките на селото Ракита, Душица Соколова вели дека снегот почнал да паѓа уште синоќа.

-Моментално има десетина сантиметри снег, додека во селата со поголема надморска височина  падна уште повеќе снег. Поради фактот што не е многу ладно, односто дека температурата е нешто над нулата, снегот брзо се топи, но не престанува да паѓа. Се надеваме дека температурата нема да падне под нулата инаку ќе предизвика штета на посевите, вели Душица.

Кога станува збор за народните верувања, старите од овој крај велат дека ако за Божиќ нема снег, ќе има за Велигден.

Оваа година навистина така и се случи.

Снег има и на Стара планина. По податоците на скијалиштата на Србија, на Ски центарот „Jabucko ravniste“ на Стара планина моментално има околу 7 сантиметри снег.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1