Македонец ќе студира на Харвард – доби целосна стипендија


Матурант е во приватното средно училиште “Јахја Кемал” и единствениот Македонец кој доби целосна стипендија за студирање макроекономија на познатиот бостонски универзитет

Седумнаесет престижни американски универзитети му беа предизвик, а го избра Харвард. Има само 18 години, но е сосема сигурен дека по четири години ќе работи во Светска банка, ММФ или во слична институција. Се вика Филип Бујароски и за него светот допрва ќе слушне.

4D6E806159FC454EA1867D05174A2F8D– Кога пред две недели добив порака од Харвард, десет минути не се осмелував да ја отворам и да ја прочитам. Иако аплицирав на 17 универзитети, сите од шангајската листа, и беше сосема сигурно дека ќе студирам во Америка, Харвард беше мојот сон. Тоа е универзитет со традиција, бренд, универзитет кој нуди огромни можности за студирање, за усовршување…, а јас го сакам токму тоа – раскажува младиот Филип. Вели дека кога ја добил пораката, знаел дека е нешто поинакво, бидејќи неколкумина негови соученици претходно веќе добиле известување дека се одбиени.

– Не можев да зборувам, ми падна телефонот од раце, не можев да се помрднам. Потоа се фатив за глава, вреснав дека ме примиле бесплатно да студирам на универзитет каде што се школувале најголемите имиња од светот на политиката, економијата, музиката, театарот! Во тој момент тука беа и сестра ми и татко ми (кој е мој информатички гуру, оти е многу стручен во својата професија) и сите се радувавме заедно. Единствено ми фалеше прегратката на мајка ми, која е на неколкумесечна специјализација во Јапонија, но и таа беше премногу горда на мене – ни раскажува Филип, момчето за кое сме сигурни допрва ќе се гордее и Македонија.

Универзитет на кој студираат најдобрите и најмоќните
За упис на престижниот универзитет Харвард голем број Американци се подготвуваат во текот на целото школување. На Харвард не може да се запише секој, туку само најдобрите ученици на САД и од светот, и тоа по препорака на некој професор. Студентот на Харвард мора да се занимава со повеќе воннаставни активности и мора да биде присутен на секое предавање.

Универзитетот Харвард или едноставно, Харвард, е најстариот универзитет во САД. На харвардскиот простор во кампот се наоѓаат училници, паркови, атлетски клуб, веслачки клуб, стадион, црква, книжарница и се што им е потребно на студентите. Предаваат истакнати професори од целиот свет. На него студентите можат да се придружат на групата која најмногу им одговара, на пример спорт, шах, биологија, политика, глума итн.

На овој универзитет се школувале американските претседатели Барак Обама, Теодор Рузвелт, Франклин Д. Рузвелт, Џон Ф. Кенеди, Џорџ Буш, Барак Обама, Ал Гор (американски политичар и бивши потпретседател), Бил Гејтс, Марк Цукерберг, Вук Јеремиќ (политичар и бивш министар за надворешни работи на Србија), актерите Мет Дејмон, Џек Лемон, Натали Портман, Мира Сорвино, Ешли Џад, американскиот кошаркар Џереми Лин…

Вечер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1