Боледувањата и породилните надоместоци ќе се исплаќаат на ист ден со платата на останатите вработени.
По примерот на Словенија, фирмата префрла пари на работникот кој оправдано отсуствува од работа, а Фондот на фирмата. Ова е еден од многуте проекти за здравството предвидени во програмата “Проверено “ на ВМРО ДПМНЕ.
Според Парнарџиева Змејкова бенефит од проектот ќе имаат околу 30.000 граѓани кои користат боледување . Таа од партиската говорница најави и дека секој човек кој ќе дарува орган или коскена срцевина доживотно ќе биде ослободен од партиципација во јавното здравство. Државата ќе ги покрие и сите испитувања на лицата кои сакаат да бидат потенцијални донори.