Поранешниот тренер на Барселона, Тито Виланова почина на своја 45-годишна возраст, потврдуваат од каталонскиот клуб.
Виланова вчера беше итно примен во болница поради лоша здраствена состојба, веднаш по брза интервенција на докторите бил опериран.
Поранешниот тренер на Барселона две години се бореше со ракот на паротидната жлезда, поради што и го напушти тренерското место во каталонскиот клуб.
Виланова тренерската кариера во Барселона ја започна во 2007-мата година во „Б“ тимот, долго време беше помошник на Пеп Гвардиола, кој му го препушти кормилото во 2012-тата година.
Во декември истата година почна неговата борба со ракот, асистентот Жорди Роура го презеде кормилото, додека пак на 19. Јули во 2013-тата година Виланова го напушти клубот