ХОРОР: Месо од стаорци во ражничите и ќебапчињата?


Ова откритие предизвикало шпекулации помеѓу медиумите дека во тие оброци се наоѓа месо од домашни миленичиња па дури и од стаорци.

kebab-foto-beta-meso-bljak-01Потпретседателот на британската влада, Ник Клег, денес изразил загриженост во врска со составот на популарните ќебапчиња, откако извештајот на Британската Агенција за стандардна безбедност на храната и потрошувачките групации Вич покажал дека продавниците за брза храна употребуваат “сомнително” месо.

Извештајот покажал дека ражничите и ќебапчињата содржат свинско, говедско, пилешко, мисиркино и сомнително неидентификувано месо.

Ваквото откритие предизивикало шпекулации помеѓу медиумите дека во тие оброци се наоѓа месо од домашни миленичиња па дури и од стаорци. На прашањето на британското LBC радио околу тоа дали е загрижен за можното присуство на месо од мачки, кучиња и стаорци во ќебапчињата, Клег одговорил: “Се разбира дека сум. Многу сум загрижен и очекувам здраствената инспекција да спроведе детална анализа“.

Групацијата Вич прегледала 60 различни јадења од јагнешко и утврдила дека 29 од нив се со сомнително потекло, при што 17 од оброците содржеле месни отпадоци, а седум воопшто не ни биле од јагнешко, пет пак содржеле месо кое не можеле да го идентификуваат.

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1