Барселона завиена во црно: Почина Тито Виланова


Поранешниот тренер на Барселона, Тито Виланова почина на своја 45-годишна возраст, потврдуваат од каталонскиот клуб.

vilanova2504Виланова вчера беше итно примен во болница поради лоша здраствена состојба, веднаш по брза интервенција на докторите бил опериран.

Поранешниот тренер на Барселона две години се бореше со ракот на паротидната жлезда, поради што и го напушти тренерското место во каталонскиот клуб.

Виланова тренерската кариера во Барселона ја започна во 2007-мата година во „Б“ тимот, долго време беше помошник на Пеп Гвардиола, кој му го препушти кормилото во 2012-тата година.

Во декември истата година почна неговата борба со ракот, асистентот Жорди Роура го презеде кормилото,  додека пак на 19. Јули во 2013-тата година Виланова го напушти клубот

sport365.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1