Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот.
Денеска во целата држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 8 и 30 минути до 16 часот и 30 минути. Граѓаните што ќе аплицираат денеска или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и утре бидејќи на изборниот ден ќе работат сите управни служби од 7 до 19 часот, но само за издавање документи.
Воедно, сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на Избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе може да извадат документи за да им биде овозможено гласањето.