Екстрадиција на двојниот убиец Топаловски


Скопјанецот Ѓорѓи Топаловски, кој е осомничен за двојно убиство во 2007-мата година, синоќа е успешно екстрадиран во Македонија.

topalovski -Без никакви инциденти или проблеми истиот беше преземен од шпанските власти и доцна синоќа доведен на скопскиот аеродром „Александар велики“ од каде со засилено полициско обезбедување беше спроведен во Истражниот затвор Скопје. Со неговото спроведување во затворот, практично заврши и последната фаза од процедурата на екстрадиција која беше отпочната во август 2012 година, соопштуваат од МВР.

Осомничениот за двојното убиство во 2007-ма година на булеварот „Илинден“ кај Зоолошката градина, Ѓорги Топаловски синоќа бил екстрадиран од  Мадрид каде беше депортиран по неговото апсење во доминиканската Република во август 2012.

ekstradicija-topalovski-500Засега е познато дека тој слетал на аеродромот во Скопје и веднаш бил превземен од македонската полиција и упатен во истражниот затвор Шутка. Детали за случајот, МВР најавува за во 12 часот, кога ќе одржат прес-конференција.

Четириесетгодишниот Топаловски се бараше поради сомнение дека на 22 ноември 2007 година ги убил Андреј Филип – Џиџи (35) и триесетгодишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, а потоа ги прегази со неговиот автомобил.

Топаловски, според обвинението, ги убил двајцата скопјани бидејќи подолго време им должел 10.000 евра кои му ги дале под лихва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1