Српското Собрание избра нова влада предводена од мандатарот за составот на новиот кабинет Александар Вучиќ. Владата ќе има 19 члена, меѓу кои ќе бидат и двајца министри без ресор и премиерот.
Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ ќе биде прв потпретседател и министер за надворешни работи, додека за министер за внатрешни работи е именуван Небојша Стефановиќ, за правда Никола Селаковиќ, за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички.
Министер без ресор, задолжен за Европската унија ќе биде Јадранка Јоксимовиќ.