Србија доби влада – Дачиќ министер за надворешни работи


Српското Собрание избра нова влада предводена од мандатарот за составот на новиот кабинет Александар Вучиќ. Владата ќе има 19 члена, меѓу кои ќе бидат и двајца министри без ресор и премиерот.

dacicЛидерот на социјалистите Ивица Дачиќ ќе биде прв потпретседател и министер за надворешни работи, додека за министер за внатрешни работи е именуван Небојша Стефановиќ, за правда Никола Селаковиќ, за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички.

Министер без ресор, задолжен за Европската унија ќе биде Јадранка Јоксимовиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1