Облачно време со локални врнежи од дожд.
Попладне облачноста значително ќе се зголеми и ќе имаме локални врнежи од дожд во поголем дел од земјата. Сепак не се работи за обилен дожд. Услови за нестабилност ќе има локално во југозападниот и дел од источното подрачје. Максимална температура околу 15°С се очекува во котлините од западниот регион, и околу 17°С во котлините од источниот дел од земјата.
Во Скопје препладне ќе има умерена облачност, а попладне повторно се очекува претжно облачно време со повремени врнежи од дожд. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 18°С.