Груевски: Заев да преспие и да ја преиспита одлуката за бојкот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва се заблагодари за поддршката која граѓаните денеска ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, но изрази и жалење за одлуката на лидерот на СДСМ Зоран Заев за негирање на изборниот резултат.

„Ова е голема, огромна, моќна, силна победа. Ова е недвосмислена доверба. Ова е јасно изразена волја на народот во Македонија. Со овие две победи граѓаните на РМ во девет изборни циклуси даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата”, истакна Груевски.

1gruevski500Жалам што и покрај убедливата победа, заради личен интерес, претседателот и раководството на СДСМ одлучија да ја негираат јасно изразената волја на народот. Не е единствен проблем што го потценуваат народот, туку работат на директна штета на Република Македонија на оние што не и го сакаат доброто на Република Македонија. Се надевам дека ќе преспијат, ќе ја видат волјата на народот и ќе постапуваат во правец на интересите на граѓаните, а не на нечии лични интереси – рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер изборниот ден го оцени како мирен и демократски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1