По смената на власта во Украина почнаа да се откриваат афери кои се случувале за време на владеењето на Виктор Јанукович, а меѓу последните е невкусниот кич и луксуз кој се криел во Мнистерството за финансии.
Сауни, базени, солена соба, сала за бокс, позлатен мебел, насликани ѕидови и плафони беа откриени по бегството на членовите на поранешната влада. Непримерниот луксуз кој за голем број на сиромашни Украинци е несфатлив е еден од низата афери кои се обелоденија. Интересно е што зградата на Министерството за финансии стана како музеј пред кој граѓаните чекаат ред за да видат во каков луксуз работеле оние за кои гласале.