Од вкупно 16 земји колку учестваа на првата вечер, само 10 имаа среќа да влезат во големото финале кое ќе се одржи в сабота
Вечерва се одржа првата полуфинална вечер на музичкото шоу Евровизија, а меѓу 16-те земји кои земаа учество, само 10 од нив ќе настапат на големото финале кое ќе се одржи во сабота.
Пласман за финалето обезбедија Русија, Украина, Азербејџан, Сан Марино, Унгарија, Холандија, Црна Гора, Исланд, Ерменија и Шведска.
Македонската претставничка Тијана Дапчевиќ ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи во четврток.