Моштите од Свети Георгиј Победоносец денес во Струга


Во црквата „Свети Георгиј“ во Струга утре ќе се одржи вечерна богослужба и литија со моштите на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона.

geordija-630x453Литијата е многу стара духовна традиција што ја практикуваат православните христијани во Струга. Со неа се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.

– Литијата е многу стара традиција. Имаме потврда дека постои стотици години наназад, односно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети Георгиј од Бигорскиот манастир се изведува веќе четврта година. Со чудотворната икона, литијата се одржувала со години наназад, особено поради осветувањето на црквата „Свети Георгиј“ во Струга во 1835 година, еден ден по празникот, односно на 7 мај, појаснува отец Васко Голабоски.

Со вечерна богослужба ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1