Фрлил бомба во полна дискотека во Босна – 32 ранети


Најмалку 32 лице се повредени во неделата во раните утрински часови во дискотека во градот Велика Кладуша во западна Босна, кога маж активирал експлозивна направа, потврди локалната полиција.

204900-policija2Според извештајот на Радио-Телевизија Босна и Херцеговина (БХРТ) нема смртно настрадани, меѓутоа едно лице е во критична состојба. Повеќето повредени морале да побараат лекарска помош.

Инцидентот се случил околу 4 часот наутро во дискотеката „Екс” којашто во тоа време била полна со гости.

Полицијата го идентификувала и уапсила извршителот на нападот и во моментов се утврдуваат неговите мотиви. Според достапните информации, станува збор за лице коешто веќе има криминално досие.

Напаѓачот бил евидентиран како извршител на тешки разбојништва, а само пред извесно време бил пуштен од затвор.

Во истрагата се ангажирани сите полицајци од криминалистичкиот оддел на Министерството за внатрешни работи на Унско-санската жупанија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1