Француската полиција денеска извршила претрес во вилата на поранешниот француски претседател Николас Саркози во рамки на истрагата за недозволено финансирање на неговата кампања во 2007 година.
Освен виката која Саркози ја дели со неговата сопруга Карла Бруни претресени се и канцелариите на адвокатот на екс претседателот.
Се верува дека претресот е поврзан со истрагата за случајот Лилијан Бетенкур, наследничката на империјата L’Oreal обвинета дека донирала многу поголема сума пари од дозволеното за саркозиевата изборна кампања во 2007 година.
Додека ја извршуваше функцијата претседател, Саркози беше заштитен со имунитетот. Но имунитетот му престана на 16 јуни, полицијата не губеше време веднаш го подготви случајот и го спроведе претресот.