Јувентус – Исла и Асамоа преминаа кај „старата дама“


Двајцата веќе поранешни играчи на Удинезе, Маурисио Исла и Квадво Асамоа од следната сезона ќе играат за италијанскиот шампион Јувентус.

„Старата дама“ ги откупи половично нивните договори, за кои издвои 18,4 милиони евра. Девет милиони евра вреди договорот на Азамоа, додека 9,4 милиони евра тежи договорот на Исла. Во трансферот вклучен е и младиот Кристијан Пасквато кој мина во обратен правец. И тој ќе биде во сопствеништво на двата клуба, а Удинезе за него одвои сума од 1,5 милиони евра.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1