Пак се појави птичјиот грип – Мексико прогласи вонредна состојба


 

Владата на Мексико прогласи национална тревога поради новите случаи на птичји грип во земјата. Заразени се 1.7 милиони кокошки, 870.000 се мртви.

,, го активиравме здраствениот аларм за да можеме да го дијагностицираме и превенираме понатамошното ширење на птичјиот грип од типот А и подтипот H7N3,, изјави министерот за агрикултура на Мексико.

Фармерите мора да воведат карантин и да ги заколат инфицираните птици. Продуктите за кој постои ризик да се контаминирани ќе се уништуваат, а незаразената живина масовно ќе биде вакцинирана.

Организацијата за храна и агрикултурна на Обединетите Нации ја потврди епидемијата во Мексико.

Вирусот е најзастапен во западната држава Jalisco, која е воедно и мексиканска држава со живинарски фарми. Таму се произведуваат 11 проценти од месото за целата земја, и 50 проценти од јајцата.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1