Покрај цела Србија, но и многу држави кои и помагаат во оваа вонредна ситуација, се јавуваат и познати личности кои нудат помош.
По Јелена Карлеуша која испратила помош во продукти, Емир Кустурица кој ги испратил своите хеликоптери, на помош се јавила и сопругата на кошаркарската легенда Владе Дивац, Снежана Дивац која сака да вдоми четри евакуирани луѓе од поплавите кои ја зафатија Србија.
Во исто време пејачката Гога Секулиќ на социјалните мрежи ги повикала сите луѓе да помогнат и открила дека згрижила неколку семејства од Обреновац.
– Драги мои многу добро знам што значи голема загуба, почувствував на своја кожа. Ме фаќа голем страв и не го поскаувам ова да му се случи на никого. Мора да сме сложни во овие тешки моменти, затоа помогнете им на сите на кои им е потребна помош. Помогнете ако можете или барем испратете СМС порака на отворените линии за солидарност. Да се држиме заедно и да се помолиме за најзагрозените од овие незапаметени поплави . Нека ни помогне Бог – напишала Гога на Фејсбук.