Трагедија: Фудбалер почина откако голманот го удри во стомак (ВИДЕО)


Трагична вест доаѓа од фудбалска Индонезија откако еден играч на тимот на Персираја почина по повредите што ги заработи за време на натпреварот против ПСАП.

INDONEZIEC-615x400Имено, напаѓачот на Персираја, Акли Фаируз, настрада откако по една одбиена топка тргна да ја смести во мрежата, но на него налета голманот Агус Рахман, кој со отворена копачка го удри директно во пределот на стомакот.

На Фаируз долго му беше укажувана лекарска помош и тој успеа да стане на нозе, но ситуацијата му се искомпликувала десетина часа подоцна, по што итно бил пренесен во болница. Било утврдено дека тој има нарушена работа на неколку витални органи, како и внатрешно крварење, по што лекарите не успеале да му го спасат животот.

екипа.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1