Половина милион компјутери во 120 земји заразени со вирусот „Црни сенки“


Над половина милион компјутери во повеќе од 120 земји во светот се заразени од опасен вирус, кој им овозможува на хакерите да преземат контрола врз компјутерот и да ја нападнат неговата веб-камера, соопшти синоќа американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Computer VirusФБИ спроведе истрага во врска со постапката пред Федералниот суд во Менхетен во Њујорк, во чии рамки се поднесени обвиненија против пет лица.

Властите во 16 држави во светот истакнаа дека уапсиле 97 лица под обвинение дека го употребиле или ширеле опасниот софтвер „Црни сенки“.

Според ФБИ, овој „инструмент за далечински пристап“ им бил продаден на неколку илјади корисници, а продажбите започнале „во 2010 година или уште порано“.

Во истрагата учествуваат и Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Канада, Чиле и Швајцарија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1