Пред околу 10 минути снема струја во Ново Лисиче – односно сите објекти кои се во близина на местото каде пропадна земјата и го проголта автомобилот.
Според некои информации на градилиштето минувала главната цевка за атмосферска канализација која најверојатно преоптоварена од големата количина вода пукнала и го пополнила базенот на градилиштето кои според некои информации е од 5 до 10 метри длабок. Проблем е што низ истото градилиште минувала и главната гасоводна цевка. Нема информации дали и таа пукнала под напливот на водата.
Иако имаше информации дека и главната водоводна цевка за овој дел од градот е во проблем вода се уште има, но нема електрична енергија. Дали превентивно е исклучена и до кога жителите ќе бидат без електрична енергија нема информации .