Снема струја во Ново Лисиче – во реонот каде пропадна земјата


Пред околу 10 минути снема струја во Ново Лисиче – односно сите објекти кои се во близина на местото каде пропадна земјата и го проголта автомобилот.

IMG_0959Според некои информации на градилиштето минувала главната цевка за атмосферска канализација која најверојатно преоптоварена од големата количина вода пукнала и го пополнила базенот на градилиштето кои според некои информации е од 5 до 10 метри длабок. Проблем е што низ истото градилиште минувала и главната гасоводна цевка. Нема информации дали и таа пукнала под напливот на водата.

Иако имаше информации дека и главната водоводна цевка за овој дел од градот е во проблем вода се уште има, но нема електрична енергија. Дали превентивно е исклучена и до кога жителите ќе бидат без електрична енергија нема информации .

Пукнала цевка во Ново Лисиче – се уште не се знае што истекува од неа – внимавајте 
Ужас: Пропадна земјата во Ново Лисиче – ги повлече автомобилите на паркингот (Фото/Видео)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1