Пропадната земја и автомобил, поплавени улици, пукнати цевки – што донесе невремето во Скопје


Во скопската населба Ново Лисиче се слушаа чудни звуци, шуштење – според неофицијални информации на градилиштето најверојатно поради удар од гром пукнала цевка која е и причината за повлекување на земјиштето. Според други информации цевка за гас пукнала во Ново Лисиче кај новата црквичка кај паркот со авионот. Очевидци велат дека има пукнато и цевка за вода во истата населба.

photo(1)Зад овие паравани има ископано огромна дупка за темели бидејќи во тек се градежни работи, најверојатно поради силното невреме и огромната количина вода дупката се преполнила и ја повлекува со себе и околната земја.

Веднаш до градилиштето има и бензиска пумпа – не се знае дали е цевката од бензиската или од градилиштето и дали од неа можеби истекува некој опасен гас или течност.

photo(1)

снема и струја во Ново Лисиче – односно сите објекти кои се во близина на местото каде пропадна земјата и го проголта автомобилот.

Според некои информации на градилиштето минувала главната цевка за атмосферска канализација која најверојатно преоптоварена од големата количина вода пукнала и го пополнила базенот на градилиштето кои според некои информации е од 5 до 10 метри длабок. Проблем е што низ истото градилиште минувала и главната гасоводна цевка. Нема информации дали и таа пукнала под напливот на водата.

Иако имаше информации дека и главната водоводна цевка за овој дел од градот е во проблем вода се уште има, но нема електрична енергија. Дали превентивно е исклучена и до кога жителите ќе бидат без електрична енергија нема информации .

Повеќе информации што донесе невремето прочитајте на следните линкови

Подвозникот кај стоковна куќа Мост целосно поплавен – има и автомобили заглавени (Фото)

Се споија небо и земја: Невреме го сардиса Скопје – Дожд, грмотевици и град (Видео)
Ужас: Пропадна земјата во Ново Лисиче – ги повлече автомобилите на паркингот (Фото/Видео)
ФОТО: Откорнато огромно дрво во Ново Лисиче
ГТЦ под вода – еве како изгледа центарот на Скопје 
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1