Мапа на предрасуди: Албанија земја на криминал, Србија воена зона – што е Македонија?


Уметникот Мартин Варгиќ создаде мапа на светот која прикажува преку 1.800 предрасуди за земјите, регионите, морињата и океаните, и апсурдот на тоа како човештво без преголеми проблеми е да отпише одредени делови од нашата планета

mapa-predrasudaСоздавањето на  стандардни политички мапи траело три месеци, со користење на јавно достапни географски податоци, додека на самата предрасуда, потрошен е месец и половина.

Мапата ја прикажува Македонија, како нешто „непознато“ Србија како „воена зона“, Црна Гора како „ништо“, БиХ како „подрачје на Алах“, Хрватска како „редовен негативец“, а  Албанија како „бандит“. Русија е поврзана со дрогата крокодил, а Канада според предрасудите е земја на хокејот и ирвасот.

Авторот на мапата, истакна дека не е согласен со овие стереотипи, нагласувајќи дека истите се карактеристични за западњаците.

Според него и самата мапа е стереотип, со оглед на тоа дека е заснована на убедувања на одредени лица и начинот на кој тие го набљудуваат светот.

Варгиќ планира да ја унапреди мапата во наредниот период, додавајќи значително повеќе културолошки и географски разлики, како и одредени референци од поп културата.

Целата мапа, можете да ја погледнете тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1