Македонска ТВ реалност: 6 часа турски серии, 2 часа вести, и исто толку реклами – секој ден!


Ова се податоци од Државниот завод за статистика и се однесуваат за деветте приватни телевизии со национална концесија а ги пренесува Фактор.мк

televizijaПриватните телевизии со национална концесија лани емитувале просечно дневно по шест часа играна програма од која најголем дел се серии, потврдија официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за минатата година, објавени деновиве.

Дури 27, 5 отсто од целото време додека емитуваат програма приватните национални телевизии емитуваат играна програма, а најголем дел во таа програма се серии од турска, индиска или екс-југословенска продукција. Лани сите девет телевизии емитувале 19.439 часа играна програма.

Секојдневно на понудата на приватните национални канали има по 2 часа вести. Според статистичарите, на вести лани телевизиите потрошиле 6.661 час од програмата, а на забавна програма 6.703 часа.

Деветте национални лани емитувале 5.330 часа реклами – основниот извор на приходи на нивна егзистенција. Просечно дневно по 1,6 часа рекламен простор за секоја од националните телевизии

Повеќе на следниот – Фактор.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1