Ахмети повторно избран за лидер на ДУИ


На третиот конгрес на ДУИ,  едногласно доби  уште еден 4-годишен мандат како лидер на партијата.  Во говор, Ахмети ја критикуваше опозицијата поради бојкотот и повика на конечно помирување на Македонците и Албанците. Ахмети рече дека на следните избори очекува 200 илјади гласа со цел натамошно зајакнување на капацитетите на партијата.

ahmetiЛидерот на ДУИ Али Ахмети првпат отворено призна за повлекувањето од барањето  албанскиот јазик да биде службен во целата држава. Тој рече дека овој компромис го направил во име на евроатланските интеграции на земјата, бидејќи сѐ уште се надева на позитивна одлука за зачленување на Македонија во НАТО на септемврискиот самит. Сепак, Ахмети порача дека прашањето за името не може да се реши без интервенција на меѓународната заедница. Затоа, тој уште еднаш побара сериозен меѓународен ангажман во овој процес.

„Во септември ќе се организира Самит на НАТО. Ние максимално ќе работиме за да се случи нешто добро. Направивме компромис, се повлековме од една важна точка за Албанците, која се однесува на албанскиот јазик, со цел да се унапреди евроатланскиот пат на земјата“, рече Ахмети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1