Италијанец ја шокираше светската јавност. Карло Лизи (31),ги заклал жената и двете деца во близина на Милано, па заминал да гледа фудбал во паб во близина на нивниот дом.
Тој ги закла сопругата Кристина (38) и нивните две ќерки на возраст од 5 години и 20 месеци.
-Децата ги убил на спиење. Сопругата ја убил со нож додека гледала телевизија. Потоа отишол кон пабот, а по пат го фрлил ножот со кој се извршени убиствата, велат од полицијата.
Неверојатно, но кога се вратил дома се јавил во полиција и пријавил дека некој му го убил семејството, глумејќи дека е во шок.
При испрашувањето во полициската станица, тој признал дека самиот ги извршил грозоморните убиства, затоа што е вљубен во друга жена.
Додал дека мислел оти тоа што гледал натпревар во бар ќе му послужи како алиби за овој чин.