А дојде Велигден цените на јагнешко одат до небо – килограм месо поскап од лани


Предвелигденскиот период ги зголеми цените на јагнешкото месо. Во Струмица килиограм  чини од 310 до 350 денари. Претходно цената се движела од 280 до 300 денари. Граѓаните велат дека овој артикл доколку им дозволи семјениот буџет ќе го има на празничната трпеза.meso1

Нема и не доаѓаме до јајца да земеме, не пак јагнешко месо... Не би требало имаме ниски примања..Цените не се големи се пристушпачни, ама кој нема нема Цените треба да бидат пониски, а не да се користи ситуацијата…“, велат граѓаните.

Од месарниците и кланиците затворени за коментар. Само информираат дека месо има доволно за домашниот пазар, иако извозот на македонското јагне годинава е послаб. Најверојатно удел има и болеста син јазик. Лекарите апелираат да се внимава со исхраната околу празниците. По постот, мрсната храна може да го шокира организмот.

И сега по постот, обично недела традиционалниот велигденски ручек со јагнешко месо, со торти. Значи да се внимава, почесто мали оброци, почесто. И мрснотии постепено да се воведуваат, вели спец. д-р Катица Маранѓозова- инфектолог.

Инаку, според Агенцијата за храна и ветеринарство, годинава од Македонија на пазарите на Италија, Црна Гора, Хрватска и Грција извезени се околу 40 илјади грла јагниња, или 1,3 милиони килограми јагнешко.

МТВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1