А што мислеа? ЕУ досега во зијан 5 милијарди евра од санкциите на Русија


Европската унија досега загубила пет милијарди евра од воведувањето на руските контра-санкции со забрана за извоз на земјоделски производи на земјите-членки на Унијата на рускиот пазар.

Како што јавува МИА од Брисел, ова денеска на прес-конференција во европската престолнина го соопшти Дачијан Чолош, еврокомесар за земјоделство и рурален развој. Според Чолош, Русија е втор комерцијален партнер на ЕУ за земјоделски прозиводи и 10 отсто од земјоделските и прехранбените производи на Унијата одат во Русија.

putin 456– Руските мерки не чинат два отсто од вкупниот и вкупно изнесуваат пет милијарди евра. Ова ембарго се однесува на некои сектори, пред се оние за овошје и зеленчук каде се одвива 29 отсто од ЕУ-извозот кон Русија, како и 33 отсто од извозот на сирење и 20 проценти на масло. Влијанието на овие санкции е концентрирано во некои земји-членки на ЕУ – посочи комесарот Чолош.

Според првиот човек на Унијата за земјоделство, откако Руската федерација ги обзнанила контра-санкциите, ЕУ сакала да преземеме се што може за истите да не ја загрозат стабилноста на европскиот пазар за земјоделски и прехранбени производи, што може да има реперкусии врз фармерите и земјоделците. Тој посочи дека за таа цел, официјален Брисел усвоил нови мерки и инструменти на зедничка земјоделска политика, што дава поголема можност за интервенција, пред се во однос на секторите за овошје и зеленчук.

Чолош посочи дека се превземени мерки за повлекување од пазарот и бесплатна дистрибуција за лица на кои им се најпотребни, како и за намалување на производството на некои производи за кои е намален пласманот, односно т.н. зелена берба во некои подрачја.

putinov eeu– Првиот пакет мерки е за праските нектарина, а минатиот месец се донесени и во однос на млечниот сектор, складиштење на маслото, сирењето и млекото во прав, што ќе ни овозможи да најдеме нови пазари за тие производи. Втор пакет за кој размислувавме е бараме нов пазар за тие производи. За месото, млечните призводи и овошјето и зеленчук одлучивме да удвоиме финансиската промоција за што првично наменивме 30 милиони евра, а истата денеска ја зголемивме на 60 милиони евра со цел итно да ги финансираме програмите на промоција за алтернетивните пазари – истакна Чолош.

Според еврокомесарот за земјоделство, вкупно се наменети 120 милиони евра за промоција на овие производи на трети пазари, од кои 60 милиони евра се од ЕУ, а останатите од приватни придонеси. Третиот пакет, пак, определен од Еврокомисијата, се однесува на целна компензација и надокнада на штетите на целни лица и компании, мали и средни земјодески стопанственици, кои најмногу се погодени од руските контра-санкции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1