Аболиција за Кежаровски – бара ЗНМ


Здружението на новинари (ЗНМ) достави писмо до премиерот Никола Груевски во кое го известува дека пред речиси два месеца поднесе предлог до Министерството за правда за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски. До денеска немаме добиено одговор од министерот за правда Блерим Беџети, потсетува ЗНМ.

kezarovskiSudenje-685x320-Во писмото бараме од премиерот прашањето за аболиција на Кежаровски да го постави на дневен ред на наредната седница на Владата. Ние сметаме дека аболицијата на Кежаровски е од интерес на Македонија. Прво затоа што новинарот е невин, не направил ништо лошо, туку открил злоупотреба на загрозен сведок, што е највисок јавен интерес, а второ затоа што овој случај сериозно го нарушува угледот на Македонија во светот.
Сметаме дека Владата треба да ја искористи ова законска можност и да спречи невин човек да остане во затвор. Ние веруваме во девизата, подобро сто лица виновни на слобода, отколку еден невин во затвор. Ако Владата не реагира брзо ризикуваме Македонија да биде обележана како црна овца во Југоисточна Европа во која се осудуваат новинари поради објавување на нивните истражувачки стории, пишува Здружението.

Во соопштениетео се порачува дека отсега се` е во рацете на Груевски, „кој реално, може да го искористи неговиот неспорен авторитет во Владата и да му наложи на министерот Беџети да ја покрене постапката за аболиција кај претседателот на државата Ѓорге Иванов“.

-Се надеваме дека премиерот Груевски нема да ја испушти ова можност и да покаже пред светот дека македонската владата води сметка за слободата на изразување и дека реагира на загриженоста на нашите партнери од светот, соопшти ЗНМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1