Истуриле Жива пред канцеларијата на директорот на УЈП Тетово?


Непозната течност најверојатно жива била истурена пред канцеларијата на директорот на УЈП Тетово.

zivaaa500Од полицијата за Курир велат дека вработена во Управата утринава околу 8:30 часот кога пристигнала на работа пред вратата на управникот на дирекцијата на УЈП Тетово забележала истурена течност која наликувала на жива.

Случајот вработената веднаш го пријавила во полција, по што местото било обезбедено и фотодокументирано.

Известени биле и противпожарните служби, како и Дирекцијата за заштита и спасување.

За Курир од полицијата велат од лице место се подигнати примероци од непознатата течност кои се предадени на вештачење, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Од полицијата информираат дека се работи на утврдување на причините и мотивите за истурањето на течноста, како и за пронаоѓање на лицето.

Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1