Поради неисплатени плати и отказ си го убил шефот, неговиот син па се самоубил


Во пукањето во Марибор смртно настрадале три лица. Oтпуштениот работник М.Ч дошол во фирмата и убил две лица, а потоа си пресудил сам. Го убил сопственикот на фирмата и неговиот син, а секретарката успеала да побегне.

maribor-sok-03-640x425Инцидентот се случил нешто пред 12 часот на Алјажева улица во Марибор. Трагедијата се случила во просториите на фирмата која се бавела со градежништво, во куќата на Абедин Шаље. Соседите биле преплашени, а на улиците имало полицајци кои ги блокирале околните улици и се обидувале да влезат во куќата. Фирмата “Fossor” веќе некое време имала блокирани сметки, и работела со големи загуби.

Според медиумите работникот неколкупати се заканувал дека ќе го убие шефот поради неисплатени плати и добиен отказ. Тој поради несогласување во фирмата бил на боледување подолго време.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1