Бразилскиот супермодел Адриана Лима и српскиот кошаркар Марко Јариќ го финализираа својот развод скоро две години откако објавија дека ќе го сторат тоа.
Деталите на бракоразводниот договор, кој е поднесен во понеделникот во суд во Менхетен, се доверливи, но се верува дека ангелот на Викторија ќе го задржи примарното старателство над нивните две ќерки, Валентина (6) и Сиена (3) пишува „Пејџ Сикс“.