Во обидот за дестабилизација на државата како обид со насилство СДСМ да дојде на власт, Зоран Заев го злоупотреби случајот од 2010 година и убиството на Мартин Нешкоски.
Притоа креираше слика во јавноста употребувајќи делови од телефонските разговори додека траела истрагата за да ја измами јавноста дека власта се обидела да прикрие убиство. Заев не се ни обиде да каже дека случајот е решен во судска постапка за помалку од една година. Убиецот Игор Спасов, припадник на полициската единица „Тигри“, го убил Нешкоски со употреба на сила, за што му беше определена казна од 14 години од законски пропишаните 15 години затвор пишува Република.
-Заев премолчува дека бранител на Спасов во судскиот процес за убиството на Нешкоски беше адвокатот Ване Андреев, актуелен и последниве три месеци со тоа што го брани лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во случајот „Пуч“. Имајќи ги информациите од прва рака од својот личен адвокат Ване Андреев, адвокат во одбраната на Зоран Заев во случајот „Пуч“, кој го бранеше убиецот Спасов во случајот Нешкоски, Заев продолжи со манипулациите и со својата конструкција да ја заведува јавноста во остварување на своето сценарио за уривање на легитимно избраната власт, пишува Република.
Целиот текст прочитајте го во најновот број на неделникот Република.