Грција ги зголеми цените само за Македонските туристи!


10 до 30 % повеќе пари од лани ќе треба да одвојат оваа година сите Македонци кои планираат да летуваат во Грција. Домашните туристички агенции велат дека грчките хотелиери им понудиле аранжмани со мошне повисоки суми од ланските. Причините ги гледаат во економската криза кај јужниот сосед, но и враќањето на српските туристи на грчките плажи.turisti-grcija

Минатата година македонските граѓани го искористија откажувањето на аранжманите на српските агенции поради поплавите и летуваа по многу поповолни услови. А годинава, конкуренцијата од Србија е повторно актуелна. За српските туристи има огромни попусти, а за македонските повисоки цени.

Според српските туристички работници, во Грција аранжманите чинат и по стотина евра, а деновиве на Саемот за туризам, во понудата за рана уплата, ги нудат и со попуст од 47 проценти.

„Српските туристи се привлечени затоа што за мала сума пари можат да резервираат хотел и да добијат подобра услуга. Го даваме најголемиот попуст од 47 отсто за индивидуални хотели. Може да се случи хотелите да се веќе зафатени и дека во овој период не постојат повеќе места. Тоа значи дека туристите мора да гледаат друг хотел или дури и различна дестинација”, објаснува за „Блиц”, Душан Атанасов, од српската туристичка агенција „Биг Блу”.

Според саемската понуда, десетдневни аранжмани во хотел, кои вклучуваат само спиење и превоз, за летување во мај чинат од 85 до 105 евра, во јуни цените се движат од 126 до 200, а во јули од 290 до 350 евра.

Минатата година летување во Сарти од 22 јуни чинело 125 евра, а сега цената е 135 евра за истиот термин. Од 20 јули аранжманот пак, чинел 265, а сега е 275 евра. Попустот за рана уплата е 15 проценти, додека, пак, цената на превозот до Халкидики останува иста, 35 евра.

ZaSe.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1