200.000 евра добил од еден натпревар – Македонецот Илиевски открива како местел натпревари во Италија


Македонецот Христиан Илиевски кој е познат уште како „Крал на местенките“, откако самиот пред неколку дена и се предаде на полицијата даде поширок искаж пред обвинителството во Кремона.

Во неговиот исказ почнаа да излегуваат на виделина сите нечисти зделки во кои покрај македонскиот државјанин, учество земале и многу професионални фудбалери и работници во познати италијански клубови.

hristijan-ilievski-boss1

Илиевски дал поширок исказ пред обвинителството во Кремона, а најголемо внимание за влијателните италијански медиуми привлече изјавата во која нашиот државјанин објаснува како со капитенот на Лацио, Стефано Маури го договорил натпреварот меѓу Лацио и Џенова од 2012 година (4:2, 1:1 полувреме).

„Се сретнав со Маури во Формело и ми рече дека не може да ми даде гаранција за конечниот резултат, само за оној на полувреме. Ми рече дека точниот резултат ќе биде 1:1, на крајот така и испадна. Заработив околу 200 илјади евра од оваа зделка, од кои 50 морав да му дадам на Замперини (поранешен фудбалер суспендиран токму поради случајот „калчоскомезе“) кој ми ја договори средбата со Маури. “, вели Илиевски.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1