Овие денови соседна Србија ја тресе афера околу елитната проституција, откако полицијата уапсила маж во чиј мобилен телефон и компјутер биле пронајдени инкриминирачки податоци и фотографии.
Поради занимавање со проституција, во Србија биле приведени и пет девојки и казнети со по 8 дена затвор или парична казна до 45.000 динари, пишува српски Telegraf.
“Пронајден е табеларен приказ на заработувачката на девојките, евиденција на расходите, план за проширување на бизнисот и правилник за однесувањето и обврските на девојките”, навеле од полицијата.
Полицијата ги прегледала гаџетите на осомничениот и во нив пронашла пораки, адреси на клиенти, уплатени парични износи и каталози од елитните проститутки.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава, а полицијата продолжува со истрагата за овој случај.