Агенција за храна тврди: Не е пронајдена листерија кај уште три компании


Од Агенцијата за храна и ветеринарство реагираат на пишувањата дека кај уште три компании е пронајдена листерија.

Оттаму велат дека Тврдењата непроверени и неточни.

agencija za hranaНепримерно е да се шпекулира, а во јавноста да се пласира непотврдена информација и на таков начин да се внесува уште поголема заблуда кај потрошувачите, пласирајќи ја тезата дека три компании од месната индустрија на пазарот продаваат производи заразени со опасната бактерија листерија.  Инаку, компаниите за кои се шпекулира се дел операторите кај кои беа детектирани позитивни мостри.

Со извршената квантификација кај нив беше утврдено дека листеријата има во минимални количини, односно нивото е далеку под максимално дозволените концентрации од 100 колонии на грам предвидени со Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна (“Службен весник на Република Македонија” бр. 100/14), кој е усогласен со европските стандарди.

Поточно концентацијата на листерија во нив изнесуваше помалку од 10 колонии на грам, се вели во соопштението.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека тие како одговорна институција за безбедноста на храната одговорно тврдат дека станува збор исклучиво за шпекулација и истата најостро ја демантираат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1