Глумец почина на снимање на серијата “Игра на Тронови”


Ирскиот глумец Џеј Џеј Марфи почина на 86 години, после само неколку снимени сцени во “Игра на Тронови”, каде требаше да го глуми најстариот член на Ноќната стража, Сер Денис Малистер.

514415-episode0811Тој беше спремен да продолжи со снимање, кога изненадно почина на сетот од серијата, која моментално се снима во неговата земја.

Продуцентите сеуште не излегле со соопштение, а не е познато ни кого ќе ангажираат да го замени легендарниот глумец.

Една од последните улоги на Марфи е во филмот од кој многу се очекува “Dracula Untold”, но најдобрите улоги ги оствари како театарски актер.

Многу години работел со млади глумци, а му бил и еден од главните ментори на Лиам Нисон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1