Агресивен четвртоодделенец малтретира цело школо, службите никаде ги нема


Родителите на една од паралелките на основното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров  протестираа пред училиштето поради немањето решение за еден агресивен ученик кој, како што тврдат, ја попречува наставата и е закана за безбедноста на другите ученици.deca skolo

Ланската учебна година, родителите држеа стража заради безбедноста на нивните деца, бојкотираа и не ги праќаа децата на настава цел месец. Родителите сведочат дека проблемите со агресивниот ученик продолжуваат и дека надлежните институции ништо не преземаат, освен што детето било префрлено во друго одделение.

– Загрижени сме за безбедноста на нашите деца. Пред околу десет дена ученикот на настава дојде со пиштол на дијаболи, со шестар ги боде децата, им се заканува на сите деца и ги тепа. На едно дете од седмо одделение му ги скрши забите – сведочат загрижените родители.

Тие тврдат дека се обратиле до сите институции, но никој ништо не презел. Велат дека директорката на училиштето писмено ги известила дека училиштето ги презема сите мерки пропишани со Законот за основно образование и педагошки мерки за учениците во основното училиште, како и дека за однесувањето на ученикот се грижи тим од стручни лица кој работи со ученикот сето време додека е во училиштето за време на наставата, одморите и посебно го згрижува ученикот еден час пред и после наставата.

Родителите не веруваат во ова објаснување од директорката и тврдат дека таа не е посветена да го реши проблемот. Засегнатите родители се обратиле кај сите надлежни институции, училишен одбор, општина, социјални грижи, државен инспекторат, но залудно. Додека не го решат проблемот, велат, нивните деца нема да одат на настава.

Во целата приказна недостасуваат родителите на проблематичното дете, кои, како што тврдат другите родители, не се појавиле на разговор иако биле повикани.

PlusInfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1