Агресивна Амеба усмртила 10 луѓе, на жртвите им ги уништува мозочните ќелии


 

Најмаку десетина луѓе во најголемиот пакистанки град Карачи, го изгубиле животот затоа што ги нападнала агресивна амеба, „naegleria fowleri“, која ги убива 98 % од своите жртви, а ги напаѓа така што ги уништува мозочните ќелии.
Смртните случаеви се забележани по неколку месеци, а најголем дел од нив се случиле минатата недела, пренесува Светската здраствена организација.
Амеба во човековиот организам најлесно може да се пренесе преку нечиста вода, низ носот, што воглавно најголемиот број од жртвите ги прави пливачи.

Но, во оваа мала серија на напади, ниту една од жртвите не е пливач, така што локалните епидемиолози тргнале со општи тестирања на водата низ целата територија на Карачи, каде што оваа амеба се појавила за прв пат по шест години. Преносот од човек на човек сеуште не е забележан.
Првите симптоми се релативно благи – главоболка, благо отечено место кај вратот, висока температура и болка во стомакот. Но, по само пет до седум дена, сигурно настапува смрт.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1