Оваа трогателна приказна ја пренесуваат српските медиуми по апел од надлежните кој го запознале младиот Слободан Недељковиќ Џамбо како деноноќно, пожртвувано без ни минута одмор спасува луѓе во Обреновац – кога сакале да му се заблагодарат ја чуле неговата трогателна судбина.
Тој се преселил во Обреновац како бегалец од Косово на 6 години – бил сираче , цело семејство му загинало на Косово , бил сам на светот се додека не ја запознал сопругата и добиле детенце. Но трагедијата повторно го удри овој млад човек – повторно остана сам, поплавата ги однела неговата жена и дете. Иако вели се надева дека се живи свесен е дека се шансите се помали. Но затоа ако не можел да ги спаси едногодишниот син и жената ќе спаси што повеќе може свои сограќани.
Слободан Недељковиќ Џамбо ( 25 ) во времето на поплавите бил во градот а сопругата и детето во куќата на родителите на сопругата со намера да бидат побезбедни во големата куќа. Но водата брзо навирала и стасала до покривот одеднаш голем и брз бран само ги зафатил и однел во далечината – дедото се обидел да ги стаса но брзата вода ги однела.
Отишол да ги земе а кога со чамецот стасал куќата била под вода а немало ни трага од неговото семејство. Тој се обидел да ги најдете во засолништата во Белград , надевајќи се дека ги спасиле со бродот. За жал неможел да ги најде. Разочаран заминал за Обреновац да помогне и да се надева дека ако се загинати барем ќе ги најде нивните тела.
– Сега јас им помогам на другите и се надевам деќа ако загинале барем ќе ги најдам нивните тела , барем да ги закопам како што е ред – рече Недељковиќ , благороден млад човек кој не спие со денови , спасувајќи уплашени луѓе.
Надлежните молат да се запамти името на овој херој – и да му се помогне по поплавите