Ахмети бара Косово да уапси 50 лица за Гошинце – достави список од поранешната 113 бригада на УЧК


Зад нападот на караулата кај Гошинце стојат војници и команден кадар од поранешната 113 бригада на УЧК екслузивно пишува весникот „Вечер“.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во понеделникот, при посетата на Приштина доставил список на кој имало 50 лица кои учествувале во нападот на караулата кај Гошинце или пак биле нивна логистика. Вечер пишува дека тој  побарал од косовските власти тие да бидат лоцирани и уапсени.gosince karta

На средбата со косовскиот вицепремиер Хашим Тачи и претседателот на Собранието и поранешен шеф на ШИК на Косово-  Кадри Весељи,  според официјалните информации дебатирале за билатералните односи меѓу двете  држави , моменталната безбедносна состојба и положбата на албанското население.

Според тамошните медиуми средбата имала и „затворен дел“. Садула Дураку кој според информации на  Вечер, на своја рака допатувал во Приштина на средбата за лично да бара гаранции за својата безбедност.

За средбата приштинскиот весник „БОТАСОТ“ пишува дека Ахмети ги убедувал косовските власти дека зад нападот на караулата стои командант Хоџа иако тој јавно се оградил од инцидентот.Овие информации се целосно демантирани од шефот на кабинетот на Ахмети , Артан Груби.

-Пишувањата на „БотаСот“ се тешка клевета. На состанокот не е доставен никаков список -изјавил Груби за „Вечер“.

Нејасно е како ДУИ официјално нема информации кои се мотивите и кој учествувал во инцидентот , а од друга страна како што пишува Вечер, има листа поранешни членови на УЧК кои стојат зад нападот.

– Ние сме политичка партија а не полиција, кусо одговорил Груби

„Вечер“ објави имиња на дел од водачите на групата а меѓу нив се Мирсад Ндрецај кој самиот ја презеде одговорноста, Мухамед Красниќи познат како командант Малишева. За време на конфликтот во 2001 двајцата се дел од редовите на 113та бригада на УЧК каде на чело беше командант Сами Ушкини. Вечер пишува дека токму тие двајца стојат и зад заканите упатени кон Дураку кој во конфликтот соработувал и им помагал.

Според информациите кои ги пласира весникот, токму затоа и Ахмети се сретнал само со Тачи и Весељи бидејќи сметал дека тие сеуште имаат авторитет кај поранешните членови и ветераи на УЧК а не и со премиерот Иса Мустафа и претседателот Атифете Јахјага.

Она што официјално е потврдено од македонското МВР е дека во нападот учествувале  македонски и косовски државјани од кои освен Ндрецај идентификуван е и Сулејман Османи од селото Брест кој е во бегство, а кај кого беше најден дел од украденото оружје од караулата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1