ДУИ соопшти дека партискиот лидер Али Ахмети, во согласност со едногласната одлука на централното претседателство на партијата, одлучил да ги предложи следните кандидати за свои претставници во извршната власт:
1. Фестим Халили: министер без ресор (вицепремиер задолжен за европски прашања)
2. Арбер Адеми: министер без ресор (вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот Договор)
3. Валдет Џафери: министер за правда
4. Пиштар Лутфиу: министер за образование и наука
5. Дритон Кучи: министер за економија
6. Башким Ахмети: министер за животна средина и просторно планирање
7. Шухрете Елези: министер за локална самоуправа
8. Арлинд Зеќири: министер без ресор (задолжен за странски инвестиции)
9. Беким Максути: заменик министер за одбрана.
10. Агим Нухиу: заменик министер за внатрешни работи
11. Фатон Положани: заменик министер во Министерство за транспорт и врски
12. Гзим Беадини: заменик министер во Министерство за финансии