Ахмети: Иванов треба да го потпише законот за јазиците и да си го подобри авторитетот кај албанците


2 два дена има Иванов да стави потпис на законот за јазиците кој е во согласност целосно со уствот, Охридскиот мировен договор зад кој застанаа Вашингтон,Брисел Нато.

Мислам, рече Али Ахмети за Алсат- дека господинот Иванов ќе постапи согласно уставот и законот. Со тоа тој и лично ќе си го поправи авторитетот кај албанците во Мкедонија и пред меѓународната заедница. Не би требало тој да не стави потпис на указот за законот но доколку се случи тоа има процедура законот во вториот обид да стапи на сила и без неговиот потпис. Прашан дали стравува од некои најави дека ќе биде оспорен на уставниот суд Ахмети цврсто уверен дека законот го работеле експерти и дека се внимавало строго да не се направи пропуст за да истиот падне на уставниот суд.

-Не разбирам зошто толку силни емоции, со законот не губи никој, напротив секој јазик е богатство. Не можеме да речеме дека Македонскиот и Албанскиот јазик во Македоија со овој закон се изедначени. Внатре во државата,во сите институции да, но во меѓународните комуникации согласно Охридскиот договор Македонскиот е официјалниот јазик за комуницирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1